Законот за изменување на Законот за празниците на

Република Македонија ("Служен весник на РМ", бр. 18/07)

 Законот за празниците на Република Македонија (понатаму: Закон -"Службен весник на РМ", бр. 21/98),

СЕ МЕНУВА со Законот за изменување на Законот за празниците на Република Македонија, кој е објавен во

"Служен весник на РМ", бр. 18/07 и е во сила од 23 февруари 2007 година.

Како нови државни празници на РМ во член 2 став 1 од Законот се внесуваат:

- 24 Мај, "Св. Кирил и Методиј" - Ден на сесловенските просветители;

- 23 Октомври  -  Ден на македонската револуционерна борба и

-  8 Декември    -  "Св. Климент Охридски".

И понатаму остануваат како државни празници на РМ досегашните:

- 2 Август    -   Ден на Републиката;

- 8 Септември  -   Ден на независноста и

- 11 Октомври  -   Ден на народното востание;

На ниво на празници на РМ, во член 2 став 2 од Законот, како нови се утврдуваат:         

- Божиќ, првиот ден на Божиќ, 7 јануари според православниот календар;

- Велигден, вториот ден на Велигден, според православниот календар;

- Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Овие три празника, пред измената имаа третман на денови кои се празнуваат и се сметаат за неработни,

а ги празнуваат граѓаните кои се припадници на соодветна веросиповед (православна и муслиманска).

Почнувајќи од 27 февруари 2007, кога влегува во сила измената на Законот, Божиќ (првиот ден), Велигден

(вториот ден) и Рамазан Бајрам (прв иот ден) се издигаат на ниво на празници на РМ и ги празнуваат сите

граѓани на Република Македонија, независно од вероисповед.

Празниците Нова година и Ден на трудот, трпат измена така што почнувајќи од оваа година се празнуваат

само по еден ден и тоа:

- 1 Јануари - Нова година

- 1 Мај - Ден на трудот.

За сите државни празници на Република Македонија и празниците на Република Македонија од членот 2

од Законот што ги наведовме важи правилото од членот 3 од Законот кое остана непроменето, а според

кое наведените празници (т.е. празниците од член 2 од Законот) се неработни денови и доколку паѓаат

во НЕДЕЛА, наредниот ден се смета за неработен.

Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови за верниците од православната вероисповед се:

- Бадник,  Ден пред Божиќ;

- 19 Јануари, Богојавление (Водици);

- Велики петок, петок пред Велигден;

- 28 Август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и

- Духовден, петок пред Духовден.

Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови се:

- Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам за верниците од муслиманската вероисповед;

- 22 Ноември, Ден на албанската азбука за припадниците на албанската заедница;

- 21 Декември, Ден на настава на турски јазик за припадниците на турската заедница;

- Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур за припадниците на еврејската заедница;

- првиот ден на Божиќ, вториот ден на Велигден и Празникот на сите светци, според Грегоријанскиот календар

за верниците од католичката вероисповед;

- 27 Јануари, Свети Сава за припадниците на српската заедница;

- 8 Април, Меѓународен ден на Ромите за припадниците на ромската заедница;

- 23 Мај, Национален ден на Власите за припадниците на влашката заедница и

- 28 Септември, Меѓународен ден на Бошњаците за припадниците на бошњачката заедница.